Menu
Mобилна апликација наменета за крводарителите.
Дознај во било кое време каде и кога можеш да даруваш крв и спасиш живот.
Наскоро верзија и за iOS.
Пополнувате прашалник и ве прегледува медицински тим
Доколку се е во ред, пристапувате кон дарување крв
Земената крв се тестира во лабораторија
Крвта се складира и користи по потреба, сте спасиле живот!
Секој здрав човек на возраст од 18 до 65 години може да дарува крв.
Подобро е да имате изедено лесен оброк (како кифла, геврек…) и избегнувајте мрсни и тешки оброци.
Да. Крвта се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв.
Не би требало да ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв.
Самото дарување односно земање на крвта трае околу 5 – 10 минути.
Една стандардна единица крв изнесува 450 милилитри. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв што се врши во кеси наменети за таа намена.
Во најчест случај дарителите на крв не чуствуваат никакви потешкотии, некои од нив се чуствуваат подобро веднаш. Незначителен број на крводарители чуствуваат мачнина или непријатност, ама затоа има лекарски тим со вас така да нема причина за загриженост, симптомите се минливи и без последици.
© daruvajkrv.mk